Уличниот уметник Окуда Сан Мигел е препознатлив во својот „техниколор стил“. Минатата година претвори напуштена црква во скејт парк, а сега реставрираше друга, во Јусуфија, Мароко.
Уметникот од Мадрид ја нарекува својата најнова креација „Единаесет привиденија на слободата“ (11 Mirages to the Freedom). Графитите се изработени во неговиот вообичаен стил – шарени и со геометриски форми. Реставрацијата е делумно помогната од иницијата Караван на улична уметност на Британскиот совет во Мароко.
Извор: Bored Panda