Американската вселенска агенција (НАСА) соопшти дека бара луѓе кои ќе бидат дел од екипажот што ќе учествува на едногодишните симулации за патување на Марс.
Во соопштението на официјалната веб-страница на НАСА се наведува дека симулации ќе започнат наесен следната година. Тие ќе се одржуваат во вселенскиот центар Џонсон.
Целта на симулациите е да се откријат сите предизвици и проблеми за време на идните патувања на Марс и Месечината.
Грејс Доглас од НАСА рече дека тоа е многу важен процес.
„Астронаутите на тој начин ќе се запознаат со сите предизвици и проблеми што ги чекаат во вселената. Тоа ќе ни помогне да бидеме целосно подготвени за идните подвизи“, рече Доглас.
На конкурсот може да се пријават лицата на возраст од 30 до 55 години, а потребно е да го знаат англискиот јазик, да се во добра здравствена состојба и да бидат државјани на САД или да поседуваат дозвола за постојан престој во земјата.