Научниците добија најблиски слики од Сонцето кои некогаш се снимени, како дел од паневропската мисија за изучување на соларните ветрови и огништа кои имаат големо влијание врз Земјата.
Европската вселенска агенција (ЕСА) во соработка со НАСА го лансираше соларниот орбитер од Флорида во февруари. Првата обиколка на Сонцето заврши минатиот месец, па научниците добија неповторливи слики од површината на ѕвездата.
„Можеме да забележиме интерени феномени кои претходно детално не биле проучувани. Ова не уверува дека соларниот орбитер ќе ни помогне да решиме дел од неодговорените прашања за Сонцето“, истакнал Даниел Мулер, научник од ЕСА кој работи на сончевиот проект.
Тимот детално е посветен на дузина минијатурни соларни пламени, познати како „камперски огништа“, кои досега не биле документирани.
Давид Бергманс, дел од Кралската белгиска опсерваторија, истакнал дека „камперските огништа“ кои се милиони пати помали од соларните огнови, можат да се проучуваат и од Земјата.
Најмалото соларно огниште било слично на големина на мала европска држава. Според Бергманс, Сонцето изгледа смирено, но доколку детално се проучат фотографиите, можат минијатурните ерупции да се забележат насекаде по неговата површнина.
Извор: Aljazeera