Астронаутите го споредија мирисот на вселената со „малини, рум и подзагорен стек“.
Благодарение на „Кикстартер“ кампања наскоро заинтересираните ќе можат да поседуваат парфем со овој мирис.
Кампањата која досега има собрано околу 250,000 долари, има за цел да го лансира парфемот „Eau de Space“, кој би бил достапен за секој просечен, љубопитен вљубеник на вселената.
„Мирисот на вселената“ бил користен за да им се помогне да астронаутите кои поминуваат низ тренинг за лансирање во вселената. И иако мирисот бил исклучиво споделуван само со астронаути кои се долго време во сферата, формулата опстанала благодарение побарувачките од Актот за слободни информации.
„Соработуваме со наградувани изработувачи на парфеми и ги обезбедивме правата за ексклузивно лансирање на овој продукт. Нашиот тим е изграден од професионалци во мода, технологија и логистика, кои делат заедничка цел – да ги развијат интересот за СТЕМ преку експериментално образование“, се вели во кампањата.
Според одговорите на најчестите прашања на кампањата, парфемот ќе биде спакуван во шишенца од 120 милилитри, кои ќе може да се порачуваат на големо. Парфемот ќе може да се користи секојдневно, доколку мирисот им се допаде на купувачите.
„Кикстартер“ кампањата се затвора на 17 август, оваа година.
Извор: Mashable