Со 154 гласа за Насер Селмани од весникот „Вест“ наспроти 21 глас за Семи Мехмети од порталот „Алмакос“ заврши гласањето за нов претседател на Здружението на новинари на Македонија. Актуелниот претседател е повторно избран да го предводи здружението и во наредните четири години.
Новинарот Томислав Кежаровски пак, доби најмногу гласови во изборот за членови на Управниот одбор на ЗНМ. Освен него, за членови беа избрани и Гоце Михајлоски од 24 Вести, Зоран Димитровски од Фокус, Бенјамин Арифи од Алсат М, Иван Бојаџиски од Утрински, Штипски Глас, Ристо Тасев дописник од Утрински, Мишко Иванов од 24 Вести, Зоран Андонов од Вест, Дневник, Стојанче Наумов, новинар, Фиљана Кока од МРТВ, Миомир Серафиновиќ од Канал 5, Кристина Мачкиќод Телма, Бесим Илјази од Коха, Неџат Акифи од МРТ
Надзорниот одбор ќе го сочинуваат Дарко Чекеровскиод Телма, Башким Сулејмани од Алсат М, Мира Костиќ од МРТ, Соња Колевска Делевска од Вест, Тони Михаилов од ТВ Стар, Џенис Сулимани и ЛајмХусаметин Гина од Балкон 3.
Во Советот на честа се избрани новинарите Гордана Дувњак од Утрински весник,Емилија Лазаревска од Телма, Урим Хасипи од Коха, Илија Стефановски од Радио Кочани, Мирјана Трпческа од Канал 5, Фросина Лазаревска од Плоштад и Каролина Мицевскаод Нова Македонија.