Со обележување на јавните простори во градот Скопје, каде најчесто се случува/ло сексуално вознемирување на јавни простори, активистките на иницијативата „Женска слободна зона“ го одбележаа 25 ноември – Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и се приклучија на кампањата „16 дена против родово базирано насилство“.
Герила акцијата е изведена на места, односно локации наведени од жени и девојки кои доживеале сексуално вознемирување на јавните простори во градот Скопје.
„Со оваа акција, сакаме да ја подигнеме свесноста за оваа форма на сексуално вознемирување и истовремено да испратиме порака за солидаризација и заедничка борба против сите форми на вознемирување и насилство врз жените“, велат од иницијативата.