Илјадници студенти, средношколци и работници учествуваа во насилните протести во Индонезија, поттикнати од новиот Закон за работни односи. Демонстрантите во близина на претседателската плата во Џакарта фрлаа со камења и шишиња на полицијата, која се обидуваше со солзавец да ја растера толпата, пренесува српски „Н1“.
Претседателот Јоко Видодо е во посета на провинцијата Централен Калимантан и не беше во палатата. Демонстрантите подметнаа пожари на неколку раскрсници во околината.
Полицијата ги блокираше улиците кои водат до парламентот и приведе најмалку 200 средношколци, изјави портпаролот на полицијата во Џакарта, Јусри Јунус. „Испровоцирани се од повиците на социјалните мрежи да создадат бунт во Џакарта“, рече додаде тој.
Судири се случија и во неколку поголеми градови низ целата земја, вклучувајќи ги Медан, Макасар, Манадо и Бандунг. Во Бандунг, главниот град на провинцијата Западна Јава, полицијата уапси 209 лица за време на дводневните насилни протести.
Организаторите повикаа на тридневен национален штрајк кој ќе започне во вторник, барајќи од владата да го повлече спорниот закон.
Критичарите на новиот Закон за отворање на нови работни места, што беше одобрен од парламентот во понеделникот, сметаат дека тој значително ќе го промени индонезискиот систем на работа и управувањето со природните ресурси.
„Ние ветуваме дека ќе продолжиме да излегуваме на улиците се додека не се укине новиот закон“, рече Анди Кијарулах, еден од организаторите на протест.