Наскоро ќе бидат објавени два нови албуми од Френк Запа

Два претходно необјавени албуми на починатиот музичар Френк Запа ќе бидат пуштени во продажба на 15 јули.

Frank Zappa For President и The Crux of the Biscuit се најновите од вкупно 40 постхумни албуми објавени после смртта на Запа во 1993 година.

Frank Zappa For President се состои од музика претежно компонирана на „синклавир“, инструмент кој музичарот го совладал во 1990 година, откако му бил дијагностициран рак на простатата. Претежно пишувал современа класична музика до крајот на својот живот.

The Crux of the Biscuit требаше оригинално да биде објавен во 2014 година, во чест на 40-тата годишнина од неговиот албум Apostrophe(‘). Се состои од музика снимена за време на истите студиски сесии.

После објавувањето на многуте постхумни албуми на Запа, нов договор беше склучен меѓу неговите наследници и Универзал Мјузик во 2015, за да се дојде до ново решение како да се собере и издаде неговата необјавена музика, пренесува NME.

За време на неговиот живот, музичарот издаде 62 албуми, од неговиот деби-албум Freak Out! Во 1966, до The Yellow Shark од 1993 година. Меѓу неговите најпознати албуми се Weasels Ripped My Flesh, Sheikh Yerbouti и 200 Motels.