Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Филозофскиот факултет при УКИМ и Филозофското друштво на Македонија ќе се одржи 7. Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“.
Годинешна тема на симпозиумот е „Наследството на античката филозофија како мост меѓу Исток и Запад“ (The Heritage of Ancient Philosophy as a Bridge between East аnd West). На тридневниот симпозиум ќе се одржат 5 сесии со 23 излагања на учесници од 12 земји: Словенија, Грција, САД, Русија, Шпанија, Романија, Турција, Словачка, Србија, Босна и Херцеговина, Тајван и Македонија.
Симпозиумот ќе се одржи од 5-7 октомври во Скопје и Свети Николе. Отворањето е во просториите на МАНУ на 5 октомври (среда) со почеток во 10 часот. Работен јазик на симпозиумот е англискиот јазик.
Овој реномиран меѓународен филозофски диајлог за првпат се одржа во 2015 год., кога беше организиран тридневен симпозиум на тема „Наука и религија“. Во наредните години теми на дијалогот беа: „Правото меѓу политиката и етиката“ (2016), „Филозофија на образованието & филозофија во образованието“ (2017), „Биоетиката на крстопат“ (2018), „Кризата на идејата за Европа“ (2019) и „Филозофија на меморијата“, на кои учествуваа гости од дваесеттина земји.
Дел од сесиите ќе се одржат онлајн, а заинтересираните можат да пристапат преку следниот ЛИНК.
За повеќе информации и деталната програма видете на следниот ЛИНК.