Македонија повторно се придружува на меѓународното движење Слобода наместо страв (Freedom Not Fear) кое се залага за три основни принципи: слобода на говор во дигиталниот свет и нецензуриран интернет, приватност во општество базирано на знаење наместо прислушкување и слободно живеење наместо страв.
Настанот го организира фондацијата Метаморфозис во петок ( 26 септември) во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, со почеток во 11 часот.
Настанот во Скопје е дел на Меѓународните денови за акција кои се одржуваат од 26 до 29 септември 2014 година и ги поддржуваат над 150 организации од целиот свет. При тоа, во Брисел ќе се одржат серија настани кои вклучуваат конференција и јавни дебати со учество на активисти и членови на Европскиот парламент, а во Луксембург ќе се одржи и протестен марш.
Барања на движењето „Слобода наместо страв“ се :
1. Ограничувања на мерките за надзор
2. Процена на постојните овластувања за надзор
3. Мораториум за нови овластувања за надзор
4. Обезбедување слобода на изразување, дијалог и информирање на интернет
5. Заштита на човековите права
Македонија во „Слобода наместо страв“ учествува од 2008 година. Повеќе информации за движењето на светско ниво се достапни на http://