Настан за архитектонското наследство во Охрид на 3 мај

Настанот „Начинот на Чипан“: изложба, промоција на публикација и дискусија, организиран од колективот „Архрид“ ќе се одржи на 3 мај со почеток во 17  часот и 45 минути во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.

„Овој значаен настан има за цел да ја одбележи 70-годишнината од изградбата на Феријалното одморалиште во Охрид и објавувањето на книгата ‘Стара градска архитектура во Охрид’ од Борис Чипан, како и да ги промовира резултатите од интернационалниот архитектонски конкурс ‘Наутички клуб – Охрид’“, велат од „Архрид“.

„Начинот на Чипан“ опфаќа богата програма со две панел-дискусии, изложба и публикација, при што учесници ќе бидат реномирани архитекти, професори и конзерватори кои ќе разговараат за архитектонското наследство и неговата иднина.

е организиран со поддршка од Општина Охрид и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ.