„Две години подоцна… Ви најавуваме дека оваа година подземните гаражи под плочник, повторно ќе бидат сведок на олеснато фестивалско дишење. После (не по наша волја) две годишна пауза, Под земја полесно се дише is back on its feet!“, соопштуваат од „Кула“.
Како и секоја претходна година, велат тие, така и оваа потребна е поддршка за фестивалот.
„Затоа овој четврток (08.12.2022) во Котур ви приредуваме еден fund-raising настан, на кој ќе имате прилика да се почастите со по некој цртеж, графика, дигиталка, подземна маичка, а и да уживате во музичката селекција на Ишџан Твин! Делата ќе бидат поставени од 15 часот, а од 20 часот џускаме на Ишџан Твин“, стои во најавата за настанот.
Инаку, „Кула“ е супкултурна група од Скопје, која пред пандемијата седум години го организираше овој андерграунд фестивал. „Под земја полесно се дише“ се одржуваше еднаш во годината во голем подземен паркинг во центарот на градот, а опфаќаше концерти, проекции, изложби и печатени уметнички изданија.