Eдна од најблескавите нови ѕвезди на светската техно сцена Deepbass [Informa Records / Rising] доаѓа во Скопје за утрешниот настап во клубот Сектор 909.
Музиката на Deepbass најдобро се опишува како длабоко и aтмосферично техно, кое со хипнотичка суптилност ги размрдува софистицираните подиуми, истакнуваат организаторите на журката BTKRSH & Electrified Sessions.
Британскиот музичар е роден е во Глазгов, а неговата страст за електронска музика започнува од млада возраст, кога времето го минува во музички продавници и со музиката на Speedy J и Jeff Mills кои го внесуваат во светот на техно музиката.
Започнува со продукција на музика во 2008 година и оттогаш неговиот звук константно еволуира. Во 2010 година ја основа својата издавачка куќа Informa Records како платформа да се изрази себеси и да истражува понатаму во формите на техно музиката.
Работата на издавачката куќа тргнува во позитивен правец и досега има соработувано со Modern Heads, Cio D’Or, Mark Broom, Edit Select, Echologist, Ness, Hironori Takahashi, nAX_Acid и многу други квалитетни артисти.
Deepbass има низа изданија за големи издавачки куќи како Dynamic Reflection, Aconito Records и Shapeless Records.
Имал голем број на живи настапи и со Informa зад себе настапувал во Tresor и Berghain во Берлин, Studio 80 во Амстердам, Moog во Барселона, Plunk во Москва и во многу други клубови во градовите од Европа.
Домашна поддршка во Сектор 909 ќе бидат Martchin и Andreas Hz, додека за визуелизациите е задолжен Lazy Kidz Visualz.