Во среда во „Браво Бар“ ќе се одржи свирка на музичките проекти „Големата вода“, „Шум“ и „Кајзер Созе“.
Настанот ќе започне во 21 часот.
„Големата вода“ е млад четиричлен алтернативен-рок бенд од Скопје, кој ја одржа својата прва свирка во декември, како поддршка на составот „Харакири“.
Настапот на музичкиот проект „Шум“ ќе биде трибјут на британската група „Throbbing Gristle“, изведен од Васил Јорданов, Ива Дамјановски и Лила Мирчевска.