Настап на „Свемирко“ во рамки на „Синедејс“

Во рамки на програмата на „Синедејс“ – фестивалот за европски филм, свој музички настап во Скопје ќе има бендот „Свемирко“. Тие ќе настапат во паркот Младинскиот културен центар на 17 јули.

Хрватскиот поп бенд, од своите почетоци, само за четири години успеа да стане една попозната музичка сензација во реонот населен од „јужни Словени“.

„Иако нивната музика можеби и не е поп во класична смисла на дефиницијата, тие секако се оние што поставуваат трендови и ги поместуваат или дури и ги отстрануваат границите. Додека клучната личност, главниот и креативен ум на групата Марко Вуковиќ, не престанува да го испорачува ветеното и неочекуваното.Новиот, трет по ред студиски албум на Свемирко „Скаламерија“ е последниот дел од трилогијата „-ија“, велат од МКЦ и „Синедејс“.

Оттаму дополнуваат дека последниот албум е поразличен, повешт и попрогресивен во споредба со претходните албуми „Тунгузија“ и „Ванилија“, пред сè е достоен крај, ако не и најочекуваниот дел од оваа трилогија со епски размери.

Билетите за „Свемирко“ ќе бидат пуштени во продажба на 9 јули на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.