Во Социјалниот центар „Дуња“ вечер (27 декември) од 21 часот ќе настапи бендот „YVGOSLAVIA“.
„’YVGOSLAVIA’ е колдвејв/пост-панк дуо со „минималистички“ пристап, а ни доаѓаат од Шпанија. Нивниот звук, инспириран од минатото, ве освојува уште од првите ноти. Користејќи ритам машина, синтисајзер, бас и гитара, тие создаваат ладна и ефемерна аура. Ова е интимен проект поврзан со експериментирање, промени, непознат идентитет и неуспех. Нивниот втор албум, ‘Zairja’, беше издаден во ноември 2024 година под издавачката куќа ‘Oráculo Records’“, стои во најавата за настанот.
Влезот е препорачана донација за артистите.