Францускиот институт во Скопје, во соработка со асоцијацијата Метаморфозис и регионот Нормандија, го организира второто издание на конкурсот „за кратки видеа, оваа година на тема слобода на изразување.
Конкурсот е отворен за младите од 18 до 28 години, по можност франкофони или англофони, и потребно е да имаат мобилен телефон со камера.
Најуспешните кратки видеа, кои треба да бидат долги најмногу до 3 минути, ќе бидат прикажани на новото издание на Фестивалот на француски филм, кој ќе се одржи од 15 до 18 јуни 2016 година.
Победникот на конкурсот ќе биде гостин на фестивалот Off-Court во Трувил, Нормандија, а воедно ќе добие и подготвителни часови по француски јазик од Францускиот институт во Скопје.
Две подготвителни работилници ќе се одржат на 12 и 13 мај 2016 година, а се наменети за селектираните кандидати со цел да им се дадат упатства за пишување сценарио, за технички совети и практична реализација на видеото.
Можни работни јазици: француски, македонски, албански и англиски.
Заинтересираните кандидати треба да го преземат формуларот за учество на следниот линк: http://www.ifs.mk/mk/Home/CultureContent/1527 и пополнет да го испратат на на следната мејл адреса: culture@ifs.mk најдоцна до 6 мај 2016 година.