Младински образовен форум отвори повик за средношколци-претприемачи кои имаат идеја, сакаат да ја претстават во вид на бизнис план и бидат наградени. Младите претприемачи можат да се пријават како поединци или во тим од најмногу тројца членови.
Заинтересираните средношколци своето учество може да го најават со пополнување на овој формулар, најдоцна до 12 јуни 2021 (сабота).
Бизнис плановите ќе бидат претставени јавно на 15 јуни (вторник) во „Јавна соба“ и ќе бидат оценувани од жирито составено од генералниот секретар на е–трговија Виктор Стојкоски, еко-активистот Горјан Јовановски и ко-основачката на мобилата апликација Challenger Олга Рајчиќ.
Најдобрите три тима избрани од жирито ќе бидат наградени.
Натпреварот за најдобар бизнис план се одвива во рамки на проектот „Младински претприемачки вештини (Youth Entrepreneurial Skills – YES)“ кој МОФ го спроведува со поддршка од Американска амбасада.