УСАИД Македонија одбележува 25 години од својата работа во Македонија, а по тој повод објави повик за најдобар есеј во кој младите ќе опишат како ја гледаат Македонија за 25 години.
Учеството во овој натпревар за најдобар есеј ќе обезбеди можност на дел од учесниците да се запознаат со американскиот амбасадор во неговата резиденција во Скопје.
Есејот треба да содржи од 1 000 до 1 250 збора и да ја опише визијата за иднината на Македонија преку одговор на неколку прашања: Што мислите, како ќе изгледа Македонија за 25 години од сега? Како ќе придонесете тоа да се случи?
Натпреварот е отворен само за државјани на Република Македонија, на возраст од 14 до 19 години. Есеите треба да се испратат најдоцна до 19 март, 2018 година.
Подетални информации може да се добијат на essaycontestMK@usaid.gov. Есеите треба да се испраќаат на следниот ЛИНК. Ќе се оценува оригиналноста, композицијата и релавантноста на темата, а селектираните учесници ќе бидат поканети на средба со американскиот амбасадор Џес Бејли, во резиденцијата во Скопје.