Во пресрет на парламентарните избори 2014, Националниот младински совет на Македонија ги покани сите политички партии да се заложат за поддршка на младинскиот сектор и младите во Република Македонија, преку потпишување на Декларацијата за соработка со младите.
Декларацијата е подготвена од страна на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), чадор организација на 56 младински организации, организации за млади, сојузи и подмладоци на политички партии во Република Македонија.
Декларацијата за соработка со младите во Република Македонија е изработена со цел да биде мотив за унапредување на статусот на младите во македонското општество. Декларацијата е испратена до сите политички партии кои учествуваат на претстојните парламентарни избори, и дава можност на секоја партија да се позиционира како партија за која младите и нивната позиција се од голема важност, и чии пратеници ќе се застапуваат за добри политики во оваа област.
Националниот младински совет на Македонија во изминатиот период работи на промовирање и застапување на интересите, потребите и правата на младите луѓе во Република Македонија, за унапредување на нивниот статус во општеството, како и за нивно директно вклучување во консултативните и процесите на донесување на одлуки на сите нивоа на институционално работење, на локално и национално ниво, и дава можност на партиите да се приклучат кон овие заложби.
Потпишувањето на декларацијата од страна на политичките партии кои искажале поддршка и намера за соработка со младите во земјата ќе се случи на 23 април 2014 во 13:30 часот.
Целосниот текст на декларацијата можете да го погледнете на следните линкови:
Декларација за соработка со младите во Република Македонија
Deklaratë për bashkëpunim me të rinjtë në Republikën e Maqedonisë