Во понеделник, 13 ноември од 9 до 16 часот, во хотелот Епинал во Битола, ќе се одржи Научен ден посветен на Првата светска војна.
Настанот е во организација на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, со поддршка на регионот Нормандија и Канцеларијата за соработка Македонија/Нормандија, а ќе учествуваат еминентни експерти и историчари од Франција, Македонија и регионот.
Oфицијалното отворање е во 9 часот со говор на Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, по што следуваат предавањата на бројните поканети експерти од Франција, Македонија и од регионот.