Денеска помина една година откако последен пат се истуширав. Да, знам дека звучи лудо, и пред една година ќе се согласев со вас. Јас бев регуларно типче во првите 26 години од мојот живот. Добро, можеби не баш секој ден, но речиси секој.
Па како најнормален дечко кој се бања, помина 365 дена без да се истушира? Се почна со една долга велосипедска тура низ Америка наменета за промоција на одржливост и еколошко живеење. Си поставив сет на правила за себе, кои морав да ги следам. Правилото за вода беше дека можев да ја користам но само од природни ресурси како езера, реки и вода или дожд или од извори кои се трошат како јавни хидранти. И цело време водев сметка за количината на вода која ја користам, со цел да покажам колку малку всушност ни треба за да преживееме.
Го поминав стотиот ден без да се истуширам и за мене тоа беше успех сам за себе. Но се помина толку супер, што ненадејно сакав да ја продолжам мојата мисија на нетуширање. Си зададов цел да не се туширам шест месеци и кога тој ден помина, си реков, па ајде ќе поминам цела година без туш.
И еве ме сега една година подоцна, да ви ја раскажам приказната од мојата година без туширање. И веднаш да расчистам – сигурно мислите дека многу смрдам?
Но всушност не е така. Кога велам дека не се туширав, тоа не значи дека не се бањав. Пливав секој ден на вакви места:
И се туширав под водопади како овде:
И користев еко-пријателски сапун како овој:
Но научив дека со живеење на природен начин не ми се потребни веќе козметички производи. Користев само сапун, паста за заби и есенцијални масла. Споредено со претходно кога користев колонска вода, дезодоранс, шампони, лосиони и секакви други продукти полни со хемикалии. И погодете што? Немав помалку пријатели!
Дури некои од нив се бањаа со мене.
А имав и неколку романси таа година.
Никој не мислеше дека мирисам воопшто. И се изненадив колку сум чист, исто како и сите.
Сфатив дека водата не мора да доаѓа од тушот во купатилото за да ме исчисти. И езерата може да ве направат чисти. И реките.
Или седењето на дождот.
Или овој хидрант во Бруклин.
Наместо да се туширам, моето време го користев за да се поврзам со природата. Ова ми стана омилен дел од денот, особено кога ќе се ослободев од стресовите на животот и ќе станев свесен за моето опкружување.
Некогаш скокав наоколу пред да влезам во вода.
А некогаш се релаксирав.
Друг пат размислував за животот.
Научив дека просечниот Американец користи околу 100 галони вода на ден. Но јас успеав да преживеам со користење помалку од два галони на ден. Уште поважно, научив да ја ценам секоја капка вода.
Зашто водата ни дава живот на сите нас, вклучувајќи ги и животните.
Кога се вратив од патувањето, го продолжив животот најнормално, но успеав да користам само 10-20 галони вода на ден. Тоа е 5-10 пати помалку од просечниот Американец. Поминав уште осум месеци без туширање и заштедив 5,000 галони вода и многу се забавував со пријателите истовремено!
Сепак, не мора да престанете да се туширате за да бидете дел од решението. Има многу лесни начини со кои може да се заштеди вода и повеќето се лесни за сите нас.
Можете да имате пократки туширања, поретко перење на алишта со собирање полни машини, да собирате дожд, да ги миете садовите ефикасно, да инсталирате ефикасни тушеви и тоалети, да собирате дожд… Започнете денес и по некое време правете се повеќе работи. Наскоро ќе стане многу полесно. И ако го направите ова, можеби ќе почнете да се чувствувате вака:
Извор: Huffingtonpost.com