Научници утврдија кој е најдобриот суперхерој

Тим научници од Универзитетот на Лестер преку аритметика ја „разрешија“ најголемата битка на „мултиверзумот“, преку пресметување кој суперхерој е најмоќен од сите.

Заснована на голем број истражувања објавени од студенти на Универзитетот на Лестер меѓу 2009 и 2016 година, тимот успеал да создаде „дефинитивен водич за тоа кој херој е најспособен, користејќи научни принципи за да тестираат дали нивните моќи се теоретски изводливи.

На пример, меѓу многуте откритија претставени во истражувањето – кое е објавено во Весникот на интердисциплинарни научни теми (Journal of Interdisciplinary Science Topics) и Весникот на специјални теми од областа на физиката (Journal of Physics Special Topics) – е дека Супермен може да собере доволно сила да застане воз во движење, откако ќе помине три дена апсорбирајќи енергијата од сонцето.

Истражувачите исто така тврдат дека иако Супермен може потенцијално да има поразлична мускулатура од обичните луѓе, не е многу веројатно дека било кој вонземјанин би имал доволна мускулна сила навистина да застане истрелан куршум, со што неговата репутација на „Челичен човек“ се става под знак прашалник.

И покрај тоа, авторите на студијата заклучуваат дека Супермен е навистина најсилниот суперхерој од сите, и е всушност доволно моќен за да го промени поларитетот на вртењето на Земјата. На другата страна на спектрумот, Бетмен е прогласен за најмалку способен суперхерој. На пример, научниците пресметуваат дека иако тој ја користи својата наметка за да плови во воздух, Темниот витез треба да достигне брзина од 80 километри на час, што, со оглед на тоа што не користи падобран, би имало фатален ефект кога би удрил во земјата.

Други „алармантни откритија“ покажуваат дека Спајдермен може да биде во ризик доколку погрешно ја пресмета должината на мрежата со која се ниша од зградите. Бидејќи пајаковата мрежа може да се оптегне до 40 проценти, најголемиот борец против криминалот може да заврши како домашен пајак доколку погрешно пресмета колку мрежа му е потреба, пишува IFL Science.

Меѓу хероите кои се сметаат за најмоќни е и Волверин, чија способност за регенерација го зголемува и неговиот имунитет на болести и патогени зарази. Сепак, Флеш, чии клетки постојано се регенерираат, веројатно би настрадал од зголемена брзина на мутација, со што секоја година би мутирал колку што обичен човик би мутирал за 72 години.