Научниците велат дека го именувале новиот вид по КОВИД-19 како признание за пандемијата, која го овозможила нивното истражување.
„Поради пандемијата, за време на карантините, многу од нас беа дома бидејќи лабораториите беа затворени. Не беше можна теренска работа. Ги убедив моите колеги да ги соберат сите информации кои ги имавме за овие спелкани црви, да ги направиме компјутерските анализи и најпосле да го напишеме овој долг научен текст“, објаснува Жан Лу Жустин, професор во Музејот на национална историја во Париз.
Според него, името има за цел да оддаде почит на сите жртви од коронавирусот.
Другиот вид сплескан црв го доби името Diversibipalium mayottensis. Тој има малку различна боја и живее на островот Мајоте, француска територија во Индискиот Океан. Научниците засега шпекулираат дека таму стигнал од Мозамбик.