Научниците потврдија дека Земјата влегла во нова епоха

Научниците одлучија дека Земјата навлегла во нова епоха, наречена Антропоцен, поради долгото времетраење на влијанието на човечкиот род на планетата.

Интернационалната работна група беше формирана да одлучи по прашањето дали Антропоценот треба да се прогласи за геолошка епоха, а изгласа со 34 спрема нула.

Зголемените температури, повисоките морски нивоа, пепелта од фосилните горива, пластичниот отпад, огромниот пораст на ерозијата, проширувањето на животинските видови низ светот и радиоактивните честички кои останаа на планетата од тестирањата на нуклеарни бомби, придонесуваат за постојани промени во камењата на Земјата, велат научниците.

Се уште размислуваат кој датум треба да биде прогласен за „Златниот врв“ – линија меѓу границата на Холоценот и Антропоценот. Сепак, веруваат дека треба да се наоѓа некаде во средината на 20-тиот век.

Најавата за новата геолошка епоха беше направена на 35-тиот Интернационален геолошки конгрес во Јужна Африка. Нивната препорака треба да биде одобрена од Унијата на геолошки науки, со цел да биде формално прогласена и вметната во учебниците.