Издавачите на илјадници научни списанија во светот ставија забрана или ја ограничија соработката на авторите на научни трудови со напредни чет-ботови управувани од вештачка интелигенција (ВИ) поради загриженост дека тоа би можело да ја надополни академската литература со неточни или сосема измислени истражувања.
ChatGPT, кој е необичен чет-бот развиен од „OpenAI“ во Калифорнија вознемири милиони корисници низ светот откако беше лансиран во ноември поради тоа што објави поеми, кратки раскази, есеи, а даваше и лични совети.
Додека чат-ботот докажа дека е голем извор на забава, се покажа и дека може да произведува низа лажни и неточни научни апстракти кои делуваат доволно убедливо да излажат човек.
Легитимната употреба на овој чет-бот во повеќе артикли веќе доведе до тоа тој да биде кредитиран како ко-автор на повеќе студии.
Неочекуваното лансирање на оваа алатка предизвика недоразбирања меѓу авторите. Оттаму, во четвртокот Холден Торп, заменик главниот уредник на водечкото американско научно списанија ја ажурираше политиката на уредување при што беше утврдено дека се забранува употреба на текстови создадени од ChatGPT во студии и потпишување на програмата како ко-автор.
„Со оглед на незадоволството што се создаде околу оваа тема, сметам дека е добра идеја да стане сосем експлицитно тоа дека нема да дозволиме ‘ChatGPT’ да биде автор или да позајмува свои содржини на студии“, изјавил Торп.
Најдобрите научни списанија бараат авторите да потпишат документ со изјава дека се одговорни за нивниот труд. Како што рекол Торп, бидејќи ChatGPT не може да потпише таков формулар, тој не може да биде признаен како автор.
Тој смета и дека користењето на алатката за подготовка на текст е проблематично затоа што прави многу грешки кои својот пат може да го најдат до научната литература. Според него доколку научниците се потпираат на ВИ програми да подготват рецензии или да ги сумираат нивните наоди, ќе се изгуби соодветниот контекст и длабокото испитување што го заслужуваат резултатите.
„Не сакаме да одиме во таа насока“, забележал Торп.
И други списанија направија слични промени во уредувачката политика. Во вторникот од списанието „Springer-Nature“ што објавува речиси 3.000 студии годишно исто така изјавија дека ChatGPT не може да биде автор на научен труд. Сепак алатката и другите слични на неа може да се употребуваат при крериање на текстот, под услов сето тоа да биде наведено во него.
Професорката Сандра Вачер која предава технологија и регулатива на Оксфорд посочила дека и други сектори како што се образованието, уметноста и новинарството треба да размислат за да преземат слични чекори.
„Убаво е да се види дека издавачите преземаат нешто. ChatGPT дозволува сечење на аглите и тоа е проблем особено ако се предава содржината без да се провери туку со претпоставка дека е точно. Ова може да води до дезинформации и непотребна наука. Сметам дека и други оддели како образование, уметноста и новинарството треба да размислат за преземање слични чекори бидејќи тие се соочуваат со слични предизвици“, забележала таа.