„Не давимо Београд“ со повик до активистите во регионот за организирање Балкански марш за чист воздух

Поради загадениот воздух во Србија, на 5 февруари истовремено во повеќе од дваесет градови ќе бидат организирани протести, маршови и собири на граѓани. Иницијативата „Не давимо Београд“ ги повика организациите и поединците и од другите држави да им се придружат во заедничката борба.

„Иницијативата ‘Не давимо Београд’ и Граѓанскиот фронт, асоцијација на локални граѓански движења, на чиј повик за заедничка борба се одѕваа голем број организации од Србија, се во разговори со организации и поединци од Скопје, Сараево, Подгорица, Приштина, Бања Лука, Загреб, Софија и други градови од регионот, а од собирот на 5 февруари ќе биде испратена порака и јавен повик заеднички да организираме Балкански марш за чист воздух“, соопштуваат од иницијативата.

Појаснуваат дека сите балкански градови мора да работат заедно.

„Веруваме дека единствената иднина на која можеме да се надеваме на достоинствен и здрав живот во нашите градови на Балканот, затруени со сиромаштија и загаденост е онаа во која заедно работиме и се бориме“, велат од „Не давимо Београд“.

„Не давимо Београд“ за Радио МОФ: Граѓаните се изложени на штетното влијание од загадувањето и препуштени сами на себе