„Не ги сакам политичарите, постои алтернатива“ е мотото под кое група граѓани обединети во „Граѓанска алтернатива“ ги бара гласовите на локалните избори во српската општина Земун.
„Не ги сакам професионалните политичари, кои по завршувањето на средно училиште немаат ниту еден ден работен стаж во работните книшки. Политиката не е професија“, вели д-р Горан Мандиќ, лидер на граѓанското здружение.
Тој вели дека се вратил од студии во САД и Русија за да ги промовира принципите на одговорното владеење во родната земја. „Граѓанската алтернатива“ подготвува и листа од седум принципи, од кои посебно се издвојува првиот, кој вели дека кое било лице избрано на јавна функција, на неа може да се задржи најмноху два мандата.