Недела на децата: Детски права во свет без предрасуди

„Детски права во свет без предрасуди“ е мотото на Неделата на децта која од денеска до петок ќе се одржува во неколку градови низ земјата. Во настаните ќе бидат вклучени 40-ина деца од различна националност, а ќе се одржуваат до 7 октомври во Прилеп, Тетово, Струмица, Куманово и Кавадарци.

Одбележувањето на Неделата на детето е во рамките на проектот „Промоција на детски права и интеркултурна комуникација“ кој има за цел младите луѓе да се здобијат и стекнат со вештини и знаења, како и да научат за принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, потоа да ја промовираат интеркултурната комуникација, различните вредности и толеранцијата помеѓу децата и младите од различи култури, како и да работат на промоција на детските права.

Инаку, во 1954 година Генералното Собрание на ОН го одреди Универзалниот Ден на детето како ден за промовирање на партнерство и разбирање помеѓу децата во светот. Од тогаш, 20-ти ноември се развил во ден на кој се фокусирало вниманието на потребите на децата и нивните фамилии. Во 1985 година е одлучено да се посвети цела недела по повод правата и потребите на детето.