Недела на франкофонски филм во Кинотека од 24 март

Францускиот институт во Скопје заедно со Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Романија и Кинотеката на Северна Македонија организира Недела на франкофонски филм по повод одбележување на месецот на Франкофонијата. Официјалното отворање е на 24 март во 20 часот во Кинотеката со проекција на филмот „Што зборуваме. што правиме“, на режисерот Емануел Муре.

Во петок во 20 часот ќе се одржи проекција на швајцарскиот филм „Семејство“ на Фредерик Бајиф, додека во сабота во 18 часот ќе се одржи проекција на белгискиот филм „Богородица од Нил“ на Атик Рахими. Веднаш потоа, во 20 часот е закажана проекција на романскиот документарен филм „Дива Романија“.

Сите филмови се прикажуваат со превод на македонски јазик, а за романскиот филм обезбеден е само превод на француски јазик, посочуваат од Францускиот институт во Скопје.

Влезниците за проекциите се резервираат и се подигнуваат во Кинотека. Подетални информации за филмовите може да се најдат на следниов ЛИНК.