Во периодот од 22 ноември до 29 ноември 2013, една недела пред одбележување на 1 Декември – Меѓународниот ден против СИДА, за прв пат ќе биде организирана Европска недела на ХИВ тестирање во речиси сите европски земји, меѓу кои и Македонија.
За таа цел во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно секој ден, во периодот од 15 до 20 часот, ќе се спроведувa бесплатнo, анонимнo и доверливo ХИВ тестирања, под мотото „Зборувај за ХИВ, тестирај се за ХИВ“.
„Направи чекор напред…тестирај се за ХИВ…дознај го твојот ХИВ статус. Некои работи едноставно стануваат секојдневие“, гласи мотото на настанот на Фејсбук.
За повеќе информации јавете се на телефон 02/3176-950 или пратете порака на hivtest@hera.org.mk