Недела на јапонски филм во Кинотека

По шеснаесетти пат, од 3 до 10 ноември во Кинотека ќе се одржи недела на јапонски филм, во чии рамки ќе се прикажат пет јапонски филмови. Овојпат дел од проекциите освен во Кинотека, ќе може да се погледнат и во Центарот на култура – Битола.

За време на неделата на јапонски филм, која Кинотеката ја организира во соработка со Јапонската амбасада, ќе може да се погледнат филмовите – „Барем љубов“, „Долгото збогум“, „Осаменото уме дрво“, „Филмските лажговци од Асаи-за“и „Макуко“.

Проекциите започнуваат во 20 часот, а влезот е бесплатен.