Од 14 до 20 март во Кинотека на Македонија ќе се одржи Неделата на јапонскиот филм во чии рамки е предвидена проекција на повеќе јапонски филмови.
Проекциите започнуваат со црно-белиот игран филм „Банда на убијци“ од 1962 година. Режијата е на Јамамото Сацуо, а улогите ги толкуваат: Ичикава Раиѕо, Фуџимура Шихо, Кишида Кјоко, Фуџивара Реико, Џо Кензабуро, Ито Јуносуке. Филмот „Банда на убијци“ доживел голем успех во киносалите во Јапонија, по што следеле неколку продолженија, во кои, иако секогаш се менувал режисерот, главниот лик секогаш го играл познатиот актер Ичикава Раиѕо.
На 15 март ќе се прикажува филмот од 1963 година „Храбрите подвизи на кланот Санада“ во режија на Таи Като, додека следниот ден е најавен филмот „Киборг 009 Легендата за супер вортексот“ од 1980 година со Масајуки Акехи како режисер.
Во понеделник, на 17 март денови ќе с еприкаже филмот „Враќањето на бандата на убијците“, на 18 март е најавен „Одмаздата на кабуки актерот“, а еден ден подоцна „Самурајот – шпион“. Неделата на јапонски филм завршува со прикажување на филмот „Самурајот – скитник“ од 1980 на режисерот Масајуки Акехи.
Проекциите на сите филмови почнуваат во 20 часот, а влезот е слободен.