Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип денеска ќе биде отворен меѓународниот настан „Првата недела на математичко моделирање.
Настанот трае ќе трае петок, а ќе присуствуваат студенти од втор и трет циклус од Европа. Целта е да се приближи математичкото моделирање до индустријата за заедничко изнаоѓање на решенија за индустриски проблеми.
„Првата недела на математичко моделирање“ е во организација на Факултетот за информатика, Технолошко-техничкиот факултет и Електротехничкиот факултет при УГД, поддржани од COST Action Mathematics for Industry Network.