„Недела на ресторани“ е замислен како настан на кој граѓаните и посетителите на Скопје ќе можат да уживаат во најдобрите специјалитети приготвени од локални гостилници па сè до врвни ресторани. Настанот има нетипичен концепт – ќе се одржува не само едно место, туку во десетици ресторани од главниот град, кои ќе нудат менија по претходно утврдени цена од 333 Денари.
Неделата на рестоарни ќе трае цела втора недела од мај (6-12). Целта е со атрактивните цени да се привлечат што поголем број на посетители и да се демонстрира автентичноста на секој ресторан и стилот на готвење. Идејата е настанот, чиј концепт потекнува од светските метрополи да прерасне во традиција и да ја подигне гастрономската културата во Скопје.