Кинотеката на Северна Македонија со богата програма ја најавува Неделата на јапонскиот филм од 10 до 15 јуни во летното кинот „Мирно лето“ каде ќе бидат прикажани 7 наслови од најновата продукција на јапонската кинематографија.
Во текот на неделата ќе бидат проектирани филмовите „Носари: непостојана вечност“, „Ние правиме антиквитети“, „Буден“, „По зајдисонце“, „Миење коски“, „Густо плетено“ и „Секој ден е добар ден“. Временскиот редослед и деталниот опис за филмовите може да се видат тука.
„Филмовите се наши патешествија низ времето и просторот. Со секое ново поглавје од уникатната приказна со која се соживуваме одново откриваме уште еден аспект, уште еден детаљ, уште еден слој од нешто за кое сме мислеле дека ни е веќе познато. Следната недела ќе нурнеме заедно во оригинални приказни преку кои се надевам дека ќе стекнете подлабоко разбирање за разноликоста на Јапонија“ , вели амбасадорот на Јапонија Н. Е. Савада.
Неделата на јапонски филм ќе биде присутна и во Битола во НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА на 16 јуни и 17 јуни.