На 31 декември (недела) и 1 јануари (понеделник) возилата од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Во понеделник, првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.
Од вторник, јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, односно по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
Сите билетарниците и центри за персонализација во недела и понеделник ќе бидат затворени, со вообичаено работно време продолжуваат од вторник.