Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје соопшти дека 7 септември (сабота) и 9 септември (понеделник) возилата од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Оттаму додаваат дека за време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10-20 часот, при што од 19 до 19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу. Во понеделник 9.09.2024 година, нема да биде во функција жичницата.