Јавниот превоз во Скопје, утре ќе функционира по неделен возен ред а жичарницата на Водно нема да работи, соопштија од јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.
„Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и онаа во Ѓорче Петров“, стои во соопштението.
Инаку, Владата пред една недела одлучи дека 24 април и 8 мај ќе бидат неработни денови за сите граѓани на државата, заради непречено спроведување на изборите за претседател на државата и изборите за пратеници во Собранието.