Студентите на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје за утре (18 мај) од 13 часот најавуваат нов „Хемиски спектакл“, овој пат во организација на новата неформална група „Пиромани“.
Ова издание на „спектаклот“ е наменето за средношколците кои учествуваат на државниот натпревар за средни училишта по хемија.
„Дел од „(Не толку) среќни хемичари“, новата група „Пиромани“ во вистинско спектакуларно издание. Идни хемичари од цела држава, собрани на едно место – Хемискиот Амфитеатар, за само 60 минути поминати со нас, ќе го надминат стресот од натпреварот и заедно ќе заборавиме на сите грижи“, стои во најавата на настанот насловен како „Нека гори Скопје!“.
Целта на овие настани е популаризирање на хемијата како наука, а истовремено на студентите им се дава можност практично да ги прикажат стекнатите теоретски знаења низ образованието.
Во продолжение погледнете го видеото кое го направи Радио МОФ од последниот „Хемиски спектакл“ на студентите-хемичари минатиот месец: