Неколку илјади граѓани попладнево се собраа на протест во Скопје пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ против законите за родова еднаквост и законот за матична евиденција, во организација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Протестот започна во 18 часот со молитвата „Оче наш“, а некои од граѓаните носеа транспаренти како „Биологија, а не идеологија“ и „Родот не е флуиден, маж е маж, жена е жена, а децата се невини“.
На протестот се обрати поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан. Тој истакна дека „денес светот го окупира нова идеолошка пропаганда на која и во нашето општество и го гледаме вистинското лице“, и додаде се подметнува поимот род кој е свесно избран, велејќи дека „има убав контекст, но во намерите на новите теоретичари и идеолози не носи ништо добро“.
Дополнително, тој се осврна и на секуларноста, па посочи дека секуларно општество не значи и безбожно општество. Истовремено, рече дека црквата нема ништо против секуларниот менталитет на секој чове, но дека тоа не значи дека црквата треба да се изопшти од општествениот живот.
Инаку, протестниот собир претходно го поддржа и Исламската верска заедница. Оттаму, претходно соопштија дека нема физички да бидат присутни на протестот, но посочија дека на заедничка средба од 7 мај, на која присуствувале сите поглавари на верски заедници во земјава, се согласиле дека законите за кои станува збор се спротивни на принципите на религиозните заедници и нема да бидат поддржани.
It officially started. Numerous orthodox priests are standing at the stage. pic.twitter.com/Q0fFQiwrRN
— Martin Koloski (@koloski_martin) June 29, 2023
Мартин Колоски