Ракета на „Спејс Икс“ е на патека да се судри со Месечината откако помина седум години низ вселената, велат експертите.
Леталото првично беше лансирано во февруари 2015 како дел од меѓупланетарна мисија со цел да испрати метеоролошки сателит на патешествие од 1,6 милиони километри. Но, по исцрпувањето на моторите и успешно завршената мисија, втората фаза во движењето на ракетата доживеало проблеми.
Во тој период леталото веќе било премногу далеку и немало гориво за да се врати во земјината атмосфера, но истовремено немало и енергија да избега од месечево-земјината гравитација. Според метеорологот Ерик Бергер, од тогаш ракетата се наоѓа во хаотична орбита.
Проучувачите на вселената веруваат дека ракетата, која тежи околу четири метрички тони „вселенско ѓубре“, е на пат да се судри во Месечината со брзина од 2,58 километри во секунда во следните недели.
Бил Греј, кој создава софтверски програми за следење на објекти, астероиди и мали планети и комети блиски до Земјата, вели дека ракетата Фалкон 9 најверојатно ќе удри во далечната страна на Месечината на 4-ти март.
„Ова е прв случај на ненамерно судирање на вселенско ѓубре со Месечината за кое знам“, додава Греј.
Астрофизичарот Џонатан Мекдауел од Универзитетот Харвард потврди дека судирот најверојатно ќе се случи на 4-ти март, додавајќи дека тоа нема да биде нешто премногу значајно.
For those asking: yes, an old Falcon 9 second stage left in high orbit in 2015 is going to hit the moon on March 4. It’s interesting, but not a big deal.
— Jonathan McDowell (@planet4589) January 25, 2022
Судирот според научниците најверојатно нема да може да се види од Земјата.