Нела Пешовска од Пасворд Продукција и Ерик Омерагиќ од Младински Културен Центар се двајцата македонски млади музички професионалци избрани од регионалната иницијатива „Нови Лица 2023“ да ја претставуваат земјава на фестивали и конференции во регионот на поранешна Југославија.
Станува збор за инцијатива во која учествуваат македонската музичка конференција „ПИН“, како и фестивалите и конференциите „МЕНТ Љубљана“ (Словенија), „Контакт“ (Србија) и „ШИП“ (Хрватска). „Нови Лица 2023“ по минатомесечниот отворен повик на кој пристигнале над 100 пријави за првпат избра десет професионалци под 30 години кои ќе учествуваат на регионалните настани.
„Се надеваме дека иницијативата ‘NEW FACES’ ќе стане годишен настан. Со тоа што им нудиме на младите можност дополнително да ги развиваат своите знаења и вештини, ние исто така даваме значење на нашата работа. Често забораваме дека музичката сцена не е само за изведувачите на бина, туку и за многу други кои вредно работат зад сцената. Тука спаѓаат промотери на настани, новинари, издавачи, менаџери и многу други понекогаш скриени протагонисти на музичкиот бизнис“, велат партнер фестивалите.
Новите лица за 2023 се:
Дино Гругиќ (промотер; „ Velvet Festival “, Хрватска)
Ерик Омерагиќ (светло и дизајнер на звук, сценски менаџер; МКЦ, Македонија)
Лана Бауман (промотер; „ Lacha “, Словенија)
Лука Задро (менаџер, букинг агент, промотер; „ yem“, Хрватска)
Моника Гава (продуцент; „ Krokodil studio “, Србија)
Нела Пешовска (букер; „ПИН“ Конференција, „Таксират“, „Д Фестивал“, Македонија)
Ник Грозд (промотер; „ Kino Šiška “, „ Channel Zero “, Словенија)
Растко Томиќ (музички уредник; „ Highwaystar magazine “, Србија)
Станислав Дрча (куратор, промотер, продуцент; Европски град на културата Нови Сад 2022, „ KC Lab “,
Србија)
Тена Шарчевиќ (музички уредник, „glazba.hr“, Хрватска)
Оттаму дополнително информираат дека десетте избрани млади музички професионалци ќе добијат влезници за регионалните конференции и фестивали, пристап до онлајн датабаза на делегати, како и покриени трошоци за патување и престој на
партнер конференциите.