Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Пандемијата од Ковид-19 освен што влијаеше на економијата, го зголеми и онака големиот родов јаз на пазарот на трудот. Истражувачите и статистиките на оваа тема посочуваат и на уште еден подлабок проблем – привидниот избор кој го имаат жените во нивните кариерни одлуки. За жал, традиционалните родови улоги се уште влијаат на кариерните цели, а работничките на плеќи носат товар од неплатен труд.
Според податоците од Агенцијата за вработување на РСМ, во периодот на ковид кризата, односно по 11 март 2020 година, па до 31 август 2021, својата работа ја изгубиле 16.615 лица. Притоа жените се несразмерно погодени. Така, работата ја изгубиле 7469 мажи (45%), наспроти 9146 жени (55 отсто).
Традиционалните родови улоги сè уште ги скусуваат кариерните можности
Истражувачката Билјана Котевска објаснува дека жените се позастапени во секторите кои беа најпогодени од кризата, односно, угостителството, трговијата, како и одржувањето на хигиената. Котеска забележува дека доколку се споредат бројките на евидентираните невработени лица за февруари 2020 и февруари 2021, ќе се увиди дека и апсолутната бројка на невработени жени ја надминала таа на невработени мажи.
Оттаму, во март 2020 година се евидентирани 55401 невработени мажи и 52331 невработени жени, додека во март 2021 година евидентирани се 71785 невработени мажи и 73542 невработени жени. Повеќе невработени жени како апсолутна бројка се регистрирани за прв пат од почетокот на пандемијата во септември 2020 година.
„Ова е исход од делувањето на комбинација од фактори каде влијаеа значително и недостигот на услуги како резултат на мерките воведени за справување со пандемијата што доведе до затворање на градинките или учење на далечина, но и до зголемена потреба за нега на членови на семејството со што, следеше традиционално префрлање на домашните и негувателските обврски на грбот на жените“, вели Котевска.
Ова го поткрепува и со анализата на UN Women – „Влијанието на КОВИД-19 врз жените и мажите во Северна Македонија“, која покажа дека 44% проценти од жените трошеле повеќе време на чистење и одржување на домот од почетокот на пандемијата споредено со 30% од мажите. Дополнително, 40% од жените трошеле повеќе време на подготовка на оброци од почетокот на пандемијата, споредено со само 19% кај мажите.
Невладината организација „Finance Think“, го потврдува исказот на Котевска, односно велат дека далеку пониската активност на жените во однос на мажите се должи на традиционалната улога на жената – грижата за домот и семејстново, улога која во пандемијата беше оптоварена и со недоволен капацитет за згрижување деца во претшколска возраст и стари лица. Оттаму дополнуваат дека жените се една од најпогодените групи.
„Најголем дел од вработените во првите редови во борбата со пандемијата (медицински персонал, фармацевти, вработени во супермаркет) се жени. За време на кризата се зголеми нивната неплатена работа во домот, заради зголемениот обем на работа, грижата за семејството. Женските работници се почесто изложени на можна инфекција бидејќи се главно ангажирани како работници во трудо-интензивната индустрија, како што е текстилната индустрија, каде што инфекциите полесно се шират како резултат на преполното работно место и јавниот превоз од и до работното место. Ова може дополнително да ја влоши родовата дискриминација на пазарот на трудот и ризикот од губење на работното место доколку институционалната превенција е неефикасна“, велат од организацијата.
Според истражувањето на ЕСЕ, во кое учествувале 2 272 жени, просечната заработувачка во август 2020 изнесувала 19 128 денари, што е за 338 денари помалку од просечниот износ што го оствариле жените во јануари 2020 година. Исто така, на 8 отсто од испитаничките кои заработувале во двата периоди, односно пред и по пандемијата, во август 2020 година им се намалила заработувачката во просек за 8 146 денари.
„Во 16 од вкупно 25 дејности во кои работеле жените во 2020 година се бележи негативна промена, односно намалување на бројот на вработени“, посочуваат од ЕСЕ.
„Жените имаат право на избор“, но само привидно
Од „Реактор“ истакнуваат дека додека во јавноста е популарна синтагмата дека во нашата земја „жените имаат право на избор“ , голем дел од жените немаат ниту привиден избор, бидејќи работодавачите решаваат да го направат изборот за нив.
„На интервју за работа често се поставуваат прашања од типот: дали сте мажена, дали имате деца или дали планирате скоро да имате деца, со што работодавачот однапред го прави изборот за нив и оценува колку време жената ќе бидете отсутна од работа бидејќи нашиот Закон за работни односи сѐ уште препознава само мајчинско отсуство, а не родителско, што на работодавачот му дава простор да си земе за право да ги прави овие дискриминаторски пресметки, што ги кршат основните човекови права“, велат оттаму посочувајќи на своите истражувања.
Од бројката од 16.615 лица кои ги изгубиле работните места, 32.2 отсто ги изгубиле поради истек на определено време. 6.6 отсто од лицата добиле отказ од работодавачот, а 24.5 отсто од работните места се изгубени поради спогодбен престанок на работен однос. 16.5 отсто дале отказ, а 9.6 отсто добиле отказ од деловни причини.
Но, од ЕСЕ предупредуваат дека негативните ефекти на економската криза предизвикана од пандемијата, покрај тоа што довеле до намалување на бројот на вработени во поголемиот дел од дејностите, влијаеле и врз сериозно нарушување или промена на статусот на вработување на жените. Оттаму потврдуваат дека најголемо намалување на бројот на вработени жени имало кај оние испитанички кои биле вработени со договор на помалку од 12 месеци или 52 %.
„Променет е статусот на вработување и кај оние жени што се вработени на договор на 12 месеци или подолго, односно 39% од интервјуираните жени што го имале овој статус на вработување го изгубиле целосно или пак продолжиле да работат со понеповолни услови за вработување (договор на пократок рок или пак договор на дело каде што се плаќа само персонален данок на доход“, забележуваат од ЕСЕ, дополнувајќи дека за 33 отсто бил зголемен бројот на испитанички што станале неплатени семејни работнички, што сериозно влијае врз статусот на жената и нејзината положба пред и по пандемијата.
Отсуство на домаќини
Од „Реактор“ посочуваат дека економската нееднаквост на пазарот на трудот е уште поголема ако се разгледува низ призмата на статистиката за неактивност, односно ако се сметаат и работно неактивните лица. Тоа се оние лица кои не се ниту вработени ниту регистрирани во Агенцијата за вработување како невработени или, накратко, во нив се вбројуваат студентите, пензионерите и домаќинките – квота која постои исклучиво во феминатив во Државниот завод за статистика.
„Според официјалната статистика, 46% од жените на работоспособна возраст се водат како неактивни споредено со 23,3%од мажите. Повторно јазот е двојно поголем споредено со европскиот просек и значително поголем од некои балкански земји“, велат од „Реактор“.
Оттаму нагласуваат дека половина од жените кои се работно неактивни во Северна Македонија, не бараат работа токму заради обврските поврзани со грижа за деца и стари лица или други семејни обврски што патријархатот им ги наметнува исклучиво на жените. Од друга страна пак, само 1,7% од мажите се исклучени од пазарот на труд заради обврски поврзани со грижа за трето лице.
„Една од ретките родово сензитивни мерки на Владата за ослободување на еден од родителите на деца до 10 години, доминантно беше користена од жени, и работничките, особено оние во приватниот сектор и прекарните индустрии беа под притисок од работодавачите да се вратат на работа во услови кога нема кој да се грижи за нивните деца или пак беа „санкционирани“ со исплати под минимална плата, закани за отказ и отпуштања“, велат од „Реактор“, посочувајќи на истражувањето.
Котевска надополнува дека родовиот јаз во невработеноста се должи и на општествени причини, но и на фактот дека дури и во областите каде што жените се повеќе застапени, вообичаено повисоките и подобро платени позиции ги држат мажи.
Џабе учи, џабе работи
Обработувајќи ги податоците за родовата разлика во образованието, се забележува дека нивото на образование кај жените, не ја зголемува стапката на нивна вработеност. Па така, невработените со високо образование скоро две третини се жени.
По категориите вишо и средно образование преовладуваат мажи, но интересен е податокот дека оние невработени кои се со основно образование, преовладуваат жени.
Оттука, Котевска истакнува дека логично е жените да се позастапени меѓу невработените високо образовани лица, бидејќи тие се повеќе застапени меѓу лицата кои завршуваат високо образование.
„Но, сепак, нивната застапеност помеѓу невработените е поголема отколку нивната застапеност помеѓу високо образованите, што јасно укажува дека во игра се и други фактори кои резултираат со невработеност. Анализите на присутноста на родовата дискриминација во областа вработување укажуваат дека пазарот на трудот сè уште не е поле за еднаков натпревар. Родовите стереотипи и предрасуди се комбинираат со други фактори. На пример, достапноста на повеќе работни места со полно работно време кои, поради големиот негувателски товар на жените, не секогаш се оптимална опција за нив. Потоа, има недостиг на услуги кои ќе им овозможат на жените да влезат, да се одржат и да маневрираат на пазарот на труд под еднакви услови со мажите“, објаснува истражувачката.
Но, врз ваквата состојба на пазарот на трудот, според Котевска, важна е и сегрегацијата на жените во високото образование, која веќе долго време е присутна преку нивна поголема застапеност во конкретни области кои традиционално се сметаат за „женски“, како што се социјална работа, образование и здравство.
„Жените завршуваат високо образование, но го завршуваат во овие области, а во нив платите се генерално помали. Мажите повеќе се фокусираат на природните науки, инженерство и технологии, со што завршуваат на работни места кои се многу подобро платени. Ова придонесува кон тој затворен круг помеѓу традицијата, сегрегацијата, невработеноста и јазот во платите“, вели таа.
Од „Finance Think“ го потврдуваат податокот дека жените повеќе се едуцираат во области каде можностите за (само)вработување се поограничени, како педагошки науки или општествени науки.
„Кариерно насочување, стимулирање на средно стручно образование, обуки за претприемништво и сл. се дел од мерките што може да ги поттикнат жените да ги пренасочат своите интереси и образование кон занимања што се побарувани на пазарот на труд, а во насока на намалување на јазот што постои“, велат оттаму.
Потреба од системско решение
Еден од начините за решавање на родовиот проблем според Котевска е државните политики да вклучуваат родова перспектива, но таа вели дека отсуствува сериозен пристап на државата кон ова прашање. Според неа, Нацрт-стратегијата за родова еднаквост за 2021-2026 која што е во моментов пред Собранието за усвојување не дава решенија на вкоренет системски и општествен проблем, туку претставува генерален план за козметичко делување во една од областите која има голема тенденција кон статус кво и отпорност на промени.
„Вклучувањето на родова перспектива мора да биде направено со интерсекциски пристап, што значи да се земе предвид синергетскиот ефект од делувањето врз жените на различните односи на моќ во општеството. Мерките кои може да делуваат позитивно кај дел од жените, не нужно ќе делуваат така кај сите жени, што е особено случај со жените кои се на маргините на општеството, како што се жените со попреченост, Ромките, транс жените. За ова се потребни сериозни напори и многу повеќе од само ветувања и вербална поддршка“, вели таа.
Од „Реактор“ истакнуваат дека пандемијата само ги потврдила и продлабочила нееднаквостите меѓу жените и мажите. Оттаму дополнуваат дека институциите мораат да ги заштитат работничките права, особено во прекарните нископлатени индустрии, мораат да работат на препознавање и санкционирање на родово-базираната дискриминација на пазарот на трудот, и конечно да овозможат еднаков пристап до достоинствена работа и платен труд за сите, без разлика на родот.
„Повикуваме во новиот Закон за работни односи да се воведе соодветно татковско и родителско отсуство и да се работи на тоа да се создадат услови и двата родители да можат подеднакво да го користат отсуството за грижа, да се вложува во квалитетни и достапни јавни сервиси за рана грижа и образование; како и да се работи на изнаоѓање и на други политики кои ќе ја препознаат вредноста на неплатената домашна работа и ќе поттикнат праведна распределба на одговорностите и обврските во домот. До тогаш, 50% од нас ќе останат присилно исправени пред „илузијата“ на имање избор“, заклучуваат од „Реактор“.
Текст: Ивана Смилевска
Инфографик: Даниел Евросимовски -
Asnjë mikpritës, vetëm mikpritëse – pandemia ka prekur në mënyrë disproporcionale vendet e punës
Pandemia e Kovid-19, përveçse ka prekur ekonominë, ka zgjeruar tashmë hendekun e madh gjinor në tregun e punës. Studiuesit dhe statistikat mbi këtë temë tregojnë për një problem tjetër më të thellë – zgjedhjen e dukshme që kanë gratë në vendimet e tyre për karrierën. Për fat të keq, rolet tradicionale gjinore ende ndikojnë në qëllimet e karrierës ndërsa punëtoret mbi supet e tyre mbajnë barrën e punës së pa paguar.
Sipas të dhënave të Agjencisë së Punësimit të RMV-së, në periudhën e kovid krizës, pra pas 11 marsit 2020, deri më 31 gusht 2021, kanë mbetur pa punë 16.615 persona. Gratë janë të prekura në mënyrë disproporcionale. Kështu, 7469 meshkuj (45%) humbën punën, për dallim nga 9146 femra (55%).
Rolet tradicionale gjinore ende pakësojnë mundësitë për karrierë
Hulumtuesja Biljana Kotevska shpjegon se femrat janë më të përfaqësuara në sektorët më të prekur nga kriza, përkatësisht në hotelieri, tregti dhe higjienë. Koteska thekson se nëse krahasojmë numrat e të papunëve të regjistruar për shkurt 2020 dhe shkurt 2021, do të shihet se numri absolut i femrave të papuna ka tejkaluar atë të meshkujve të papunë.
Pra, në mars 2020 janë regjistruar 55.401 meshkuj të papunë dhe 52331 femra pa punë, ndërsa në mars 2021 janë regjistruar 71785 meshkuj dhe 73542 femra pa punë. Më shumë gra pa punë si numër absolut janë regjistruar për herë të parë që nga fillimi i pandemisë në shtator 2020.
“Ky është rezultat i një kombinimi faktorësh që ndikuan ndjeshëm në mungesën e shërbimeve si rezultat i masave të marra për të përballuar pandeminë që rezultoi në mbylljen e kopshteve apo mësimit në distancë, por edhe në rritjen e nevojës për kujdesin ndaj anëtarëve të familjes me çka pasoi bartja tradicionale e përgjegjësive shtëpiake dhe kujdesit mbi kurrizin e grave”, tha Kotevska.
Këtë e mbështet analiza e UN Women – “Ndikimi i KOVID-19 tek gratë dhe burrat në Maqedoninë e Veriut”, e cila tregoi se 44% për qind e grave shpenzuan më shumë kohë duke pastruar dhe mirëmbajtur shtëpinë që nga fillimi i pandemisë në krahasim me 30% e meshkujve. Përveç kësaj, 40% e grave kanë shpenzuar më shumë kohë duke përgatitur shujta që nga fillimi i pandemisë, krahasuar me vetëm 19% të meshkujve.
Organizata joqeveritare “Finance Think” e konfirmon deklaratën e Kotevskës, gjegjësisht thonë se aktiviteti shumë më i ulët i grave në krahasim me burrat është për shkak të rolit tradicional të gruas – kujdesit për shtëpinë dhe familjen, rol ky që në pandemi ishte i ngarkuar me kapacitet të pamjaftueshëm për kujdesin për fëmijët parashkollorë dhe të moshuarit. Femrat janë një nga grupet më të prekura.
“Shumica e të punësuarve në vijën e parë në luftën kundër pandemisë (stafi mjekësor, farmacistët, stafi në supermarkete) janë gra. Gjatë krizës, puna e tyre e papaguar në shtëpi u rrit, për shkak të rritjes së ngarkesës, kujdesit familjar. Punëtoret janë më shpesh të ekspozuara ndaj infektimit të mundshëm, sepse ato janë të angazhuara kryesisht si punëtore në industri me intensitet të madh të punës, siç është industria e tekstilit, ku infeksionet përhapen më lehtë si rezultat i mbipopullimit dhe transportit publik për dhe nga puna. “Kjo mund të përkeqësojë më tej diskriminimin gjinor në tregun e punës dhe rrezikun e humbjes së vendit të punës nëse parandalimi institucional është joefektiv”, thonë nga organizata.
Sipas anketës së ESE-së, në të cilën kanë marrë pjesë 2 272 gra, të ardhurat mesatare në gusht 2020 kanë qenë 19 128 denarë, që është për 338 denarë më pak se shuma mesatare e arritur nga gratë në janar 2020. Po ashtu, te 8% e të anketuarave që kanë pasur të ardhura në të dyja periudhat, pra para dhe pas pandemisë, në gusht 2020 të ardhurat e tyre janë ulur mesatarisht për 8 146 denarë.
“Në 16 nga gjithsej 25 veprimtari në të cilat kanë punuar gratë në vitin 2020, ka ndryshim negativ, përkatësisht rënie të numrit të të punësuarve”, thonë nga ESE.
“Gratë kanë të drejtë të zgjedhin”, por vetëm në dukje
Nga “Reaktor” thonë se ndërkohë që është përhapur në publik shprehja se tek ne “gratë kanë të drejtë të zgjedhin”, shumë gra nuk kanë as një zgjedhje në dukje, sepse punëdhënësit vendosin të bëjnë zgjedhjen për to.
“Në një intervistë pune shpesh bëhen pyetje të tilla si: a jeni e martuar, keni fëmijë apo planifikoni të keni fëmijë së shpejti, kështu që punëdhënësi bën një zgjedhje paraprakisht për to dhe vlerëson se sa kohë do të mungojë gruaja nga puna sepse Ligji ynë për marrëdhënie pune, ende njeh vetëm pushimin e lehonisë, jo lejen prindërore, gjë që i jep punëdhënësit hapësirë të marrë të drejtën të bëjë këto përllogaritje diskriminuese, të cilat cenojnë të drejtat themelore të njeriut”, thanë ata duke përmendur hulumtimin e tyre.
Nga 16.615 personat që humbën punën, 32.2 për qind humbën punën për shkak të skadimit të kontratës për punë me kohë të caktuar. 6.6 për qind e njerëzve u pushuan nga punëdhënësi i tyre dhe 24.5 për qind e vendeve të punës u humbën për shkak të përfundimit të marrëdhënies së punës. 16,5 për qind kanë dhënë dorëheqje ndërsa 9,6 për qind janë përjashtuar nga puna për shkaqe afariste.
Megjithatë, nga ESE paralajmërojnë se efektet negative të krizës ekonomike të shkaktuar nga pandemia, përveç që kanë çuar në ulje të numrit të të punësuarve në shumicën e aktiviteteve, kanë ndikuar edhe në një përçarje serioze apo ndryshim të statusit të punësimit të grave. Konfirmojnë se rënie më të madhe të numrit të femrave të punësuara ka pasur tek ato të anketuara që kanë qenë të punësuara me kontratë për më pak se 12 muaj ose 52%.
“Statusi i punësimit ka ndryshuar edhe për ato gra që janë të punësuara me kontratë 12 muaj ose më shumë, pra 39% e grave të intervistuara që kanë pasur këtë status punësimi e kanë humbur plotësisht ose kanë vazhduar të punojnë me kushte të pafavorshme punësimi (kontratë me afat më të shkurtër ose një kontratë pune ku paguhet vetëm tatimi mbi të ardhurat personale”, theksojnë ESE, duke plotësuar se për 33 % është rritur numri i të anketuarave që janë bërë punëtorë të papaguara familjare, gjë që cenon rëndë statusin e gruas dhe pozitën e tyre para dhe pas pandemisë.
Mungesa e mikpritësve
Nga “Reaktor” theksojnë se pabarazia ekonomike në tregun e punës është edhe më e madhe nëse shikohet nga prizmi i statistikave të pasivitetit, pra nëse merren parasysh edhe personat jo aktivë. Bëhet fjalë për persona që nuk janë as të punësuar dhe as të regjistruar në Agjencinë e Punësimit si të papunë ose shkurt, në këtë numër bëjnë pjesë studentë, pensionistë dhe amvise – një kuotë që ekziston ekskluzivisht në gjininë femërore në Entin Shtetëror të Statistikave.
“Sipas statistikave zyrtare, 46% e femrave në moshë pune janë të regjistruara si joaktive krahasuar me 23,3% të meshkujve. Përsëri, hendeku është dy herë më i madh në krahasim me mesataren evropiane dhe dukshëm më i madh se disa vende të Ballkanit”, thonë nga Reaktor.
Prandaj, theksojnë se gjysma e grave joaktive në punë në Maqedoninë e Veriut, nuk kërkojnë punë pikërisht për shkak të përgjegjësive që kanë të bëjnë me përkujdesjen e fëmijëve dhe të moshuarve apo përgjegjësi të tjera familjare që patriarkati ua ngarkon ekskluzivisht grave. Nga ana tjetër, vetëm 1,7% e meshkujve janë të përjashtuar nga tregu i punës për shkak të detyrimeve që lidhen me kujdesin ndaj personit të tretë.
“Një nga masat e pakta të qeverisë me ndjeshmëri gjinore për lirimin e njërit prind të fëmijëve të moshës nën 10 vjeç është përdorur kryesisht nga gratë dhe punëtoret, veçanërisht në sektorin privat dhe industritë, ishin nën presion nga punëdhënësit që të kthehen në punë në kushtet kur nuk kanë pasur njeri që të kujdeset për fëmijët e tyre ose janë ‘sanksionuar’ me pagesa nën pagën minimale, kërcënime për largim nga puna dhe largim nga puna”, thonë nga Reaktor, duke cituar hulumtimin.
Kotevska shton se hendeku gjinor në papunësi është për arsye sociale, por edhe për faktin se edhe në zonat ku femrat janë më të përfaqësuara, zakonisht pozita më të larta dhe më të paguara i mbajnë meshkujt.
Mëso kot, puno kot
Nga përpunimi i të dhënave për diferencën gjinore në arsim, vërehet se niveli i arsimimit të grave nuk e rrit shkallën e punësimit të tyre. Kështu, pothuajse dy të tretat e të papunëve me arsim të lartë janë gra.
Në kategoritë e arsimit të lartë dhe të mesëm mbizotërojnë meshkujt, por është interesant të theksohet se të papunët me arsim fillor janë kryesisht femra.
Andaj Kotevska thekson se është logjike që femrat të jenë më të përfaqësuara në mesin e të papunëve me arsim të lartë, sepse ato janë më të përfaqësuara në mesin e personave që kanë përfunduar arsimin e lartë.
“Megjithatë, përfaqësimi i tyre në mesin e të papunëve është më i lartë se përfaqësimi i tyre në mesin e atyre me arsim të lartë, gjë që tregon qartë se janë në lojë edhe faktorë të tjerë që rezultojnë në papunësi. Analizat e pranisë së diskriminimit gjinor në fushën e punësimit tregojnë se tregu i punës ende nuk është fushë për konkurrencë të barabartë. Stereotipet dhe paragjykimet gjinore kombinohen me faktorë të tjerë. Për shembull, disponueshmëria e shumë vendeve të punës me kohë të plotë, të cilat, për shkak të barrës së madhe të kujdesit të grave, nuk janë gjithmonë opsioni optimal për to. Pastaj mungojnë shërbimet që do t’i lejojnë gratë të hyjnë, të mbajnë dhe të manovrojnë në tregun e punës në kushte të barabarta me burrat”, sqaron hulumtuesja.
Por në bazë të kësaj gjendje në tregun e punës, sipas Kotevska, me rëndësi është edhe segregimi i grave në arsimin e lartë, që kohë të gjatë është e pranishme përmes përfaqësimit të tyre në fusha konkrete të cilat tradicionalisht konsiderohen për “femërore” siç janë punë sociale, arsim dhe shëndetësi.
“Gratë e kryejnë arsimin e lartë, por e kryejnë në këto fusha ku rrogat janë përgjithësisht më të ulëta. Burrat janë më të fokusuar në shkencë, inxhinieri dhe teknologji, duke përfunduar në punë shumë më të paguara. Kjo kontribuon në atë rreth vicioz midis traditës, segregacionit, papunësisë dhe hendekut të pagave”, thotë ajo.
Nga “Finance Think” konfirmojnë faktin se gratë janë më të arsimuara në fusha ku mundësitë e (vetë) punësimit janë më të kufizuara, siç janë shkencat pedagogjike apo shkencat sociale.
“Udhëzim në karrierë, stimulim i arsimit të mesëm profesional, trajnim për sipërmarrje etj., janë pjesë e masave që mund të inkurajojnë gratë që të zhvendosin interesat dhe arsimimin e tyre në profesione që janë të kërkuara në tregun e punës, për të reduktuar hendekun që ekziston” thonë ata.
Nevoja për zgjidhje sistemore
Sipas Kotevskës, një nga mënyrat për zgjidhjen e problemit gjinor është që politikat shtetërore të përfshijnë perspektivën gjinore, por thotë se nuk ka qasje serioze të shtetit ndaj kësaj çështjeje. Sipas saj, Draft -Strategjia për Barazi Gjinore 2021-2026, e cila aktualisht është në Kuvend për miratim, nuk i jep zgjidhje një problemi të rrënjosur sistemik dhe shoqëror, por është një plan i përgjithshëm për veprim kozmetik në një nga fushat që ka tendencë të fortë drejt status quo-së dhe rezistencës ndaj ndryshimeve.
“Përfshirja e perspektivës gjinore duhet të bëhet me një qasje ndërsektoriale, që do të thotë të merret parasysh efekti sinergjik i veprimit ndaj grave në marrëdhënie të ndryshme pushteti në shoqëri.” Masat që mund të kenë një efekt pozitiv për disa gra, nuk do të funksionojnë domosdoshmërisht për të gjitha gratë, që është veçanërisht rasti me gratë në margjinat e shoqërisë, si gratë me aftësi të kufizuara, gratë rome, trans gratë. Kjo kërkon përpjekje serioze dhe shumë më tepër sesa thjesht premtime dhe mbështetje verbale”, thotë ajo.
Nga “Reaktor” theksojnë se pandemia vetëm sa konfirmoi dhe thelloi pabarazitë midis grave dhe burrave. Ata shtojnë se institucionet duhet të mbrojnë të drejtat e punëtoreve, veçanërisht në industritë me paga të ulëta, duhet të punojnë në identifikimin dhe sanksionimin e diskriminimit me bazë gjinore në tregun e punës dhe në fund të ofrojnë qasje të barabartë në punë dinjitoze dhe punë të paguar për të gjithë, pa dalim të gjinisë.
“Bëjmë thirrje në Ligjin e ri për marrëdhënie pune të vendoset mungesa nga puna për atësisë dhe prindërim dhe të punohet në krijimin e kushteve që të dy prindërit të mund ta përdorin në mënyrë të barabartë pushimin për përkujdesje, të investojnë në shërbime publike cilësore dhe të qasshme për përkujdesje dhe edukim të hershëm; si dhe të punohet në gjetjen e politikave të tjera që do të njohin vlerën e detyrave të papaguara të shtëpisë dhe do të inkurajojnë një shpërndarje të drejtë të përgjegjësive dhe obligimeve në shtëpi. Deri atëherë, 50% prej nesh do të detyrohen të përballen me ‘iluzionin’ e asaj se kemi zgjidhje”, përfundojnë nga Reaktor.
Teksti: Ivana Smilevska
Infografik: Daniell Evrosimovski