Метеорскиот дожд овојпат ќе ја одмине Македонија

Утрово веста дека стотици лица се повредени од метеоритот кој ја погоди централна Русија, одекна низ светот. Опасност во Македонија нема, барем така тврдат експертите. Според професорот Ивица Милевски од Институтот за географија, кој со години го следи движењето на небесните тела над земјава, вакви случувања има на секои 100 години, но парчињата од метеорите најчесто паѓаат над океанот. За превентива од ваквите случувања се зборува со години, но реално, светот нема систем за справување со ваквите кризи, посочува Милевски.

Izjava na Ivica Milevski by Radio Mof on Mixcloud

Вечерва (15.02) во 20 часот по централноевропско време, на најблиска оддалеченост досега забележана до Земјата ќе прелета и астероид со пречник од 45 метри. Од Институтот за географија посочуваат дека овојпат нема да има опасност за жителите на Земјата. Вакви небесни тела, вели професорот Милевски, над Македонија минуваат постојано, но ретко кога се предизвикани сериозни штети од нив.

Izjava na Ivica Milevski 2 by Radio Mof on Mixcloud

Според досегашните опзервации, во текот на 2013 не се очекува засилена активност на небото над Македонија, вели Милевски. Она што е сепак ќе биде интересно, е прелетувањето на две комети кон крајот на годинава. Едната од нив, за неколку месеци ќе стане лесно забелжлива со голо око, а според пресметките, најверојатно по сјајот ќе ја засени и познатата Халеева комета што секои 76 години минува крај Земјата.

Izjava na Ivica Milevski 3 by Radio Mof on Mixcloud

Русија денеска е на нозе. Како што што пренесуваат светските медиуми, метеорскиот дожд паднал во регион кој е слабо населен, но сепак, најмалку 700 лица побарале лекарска помош. Според руското Mинистерство за цивилна заштита, најголемиот дел од жртвите се погодени од парчињата стакло од искршени прозорци, по кесплозијата и звучниот удар. Штети има во најмалку шест градови во регионот кој e на околу 1.500 киломeтри оддалеченост од Москва.

Пред еден век, метеор уништи цела област во Русија

Експлозијата во руската област Тунгуска се случила во периодот околу 7.14 на 30 Јуни 1908 година. До денеска сè уште не се знае што била причината за експлозијата која срамнила со земја 80 милиони дрвја распространети на површина од 2.150 километри квадратни. Дел од локалното население верува дека станува збор за црна дупка или НЛО. Но, голем број научници веруваат дека експлозијата настанала како последица од метеор кој паднал и покрај тоа што немало никаков запис за него.

J.J.