Министерството за надворешни работи соопштува дека досега не се пријавени повредени или загинати граѓани на Македонија во американските држави погодени од ураганот Ирма.
Амбасадата на Македонија во Вашингтон е во континуирана комуникација со надлежните служби во САД.
Претставниците од македонската амбасада во Вашингтон стапија во контакт со македонската државјанка која престојуваше во францускиот дел на островот Сент Мартин, која е евакуирана на безбедно. Во контакт се и со семејството кое се наоѓаше во холандскиот дел на Сент Мартин и кое веќе е евакуирано од островот.
Апелираат на будност и следење на препораките, имајќи предвид дека опасноста од ураганот се’ уште не е надмината.
Телефонските броеви за контакт со македонската амбасада во Вашингтон на кои може да се обратат македонските граѓани во секое време се: 202-390-7418 и 202-667-0501.