Квалификационото тестирање кое за утре беше закажано во скопската гимназија „Орце Николов“ нема да се одржи. Ваквото тестирање беше воведено откако на уписот се пријавиле поголем број ученици, со ист број поени, од предвидениот број ученички места.
На училишниот вебсајт денес беше објавена веста дека квалификационото тестирање нема да се одржи, по одобрувањето на МОН за отворање на нова билигвална паралелка.
„По одлуката на МОН за одобрување 4та билингвална англиска паралелка, а во насока за зачувување на заедничката безбедност и здравје, следејќи ги препораките на Владата и на СЗО, квалификационото тестирање за билингвална англиска паралелка нема да се одржи.На сите ученици им посакуваме многу успех, среќа и добредојде во новото училиште“, се вели во соопштението на гимназијата.
Од гимназијата, за Радио МОФ појаснуваат дека нема да има зголемување на вклупниот број паралелки оваа учебна година, туку само пренамена на една од предвидените паралелки во билингвална и прераспределба на пријавените ученици. Според конкурсот, требаше да бидат примени 285 ученици, но се пријавија 16 повеќе, односно 301 со потпоплно одличен успех.
Во петокот, од Министерството за образование и наука за Радио МОФ соопштија дека во понеделник, ќе има квалификациско тестирање за прием во три средни училишта од здравствена, и едно од гимназиска струка.
Квалификациониот тест во гимназијата „Орце Николов“ требаше да го полагаат 145 ученици, од возможните 136 уписни места во четири паралелки.
За учениците кои конкурираа во СУГС „Панче Караѓозов“ Скопје, СОУ „Димитар Влахов” Струмица и СОУ „Ѓорче Петров” Прилеп, квалификациони тестови за прием ќе се одржат утре, со почеток во 10 часот.
Објавени резултатите за прием во средно – Квалификациски тестови ќе има во четири училишта
*Текстот е дополнет на 22 јуни, со појаснување од гимназијаја дека нема да има зголемување на вкупниот број паралелки