„Нескршливи“ е името на уметничкиот проект на 21-годишната фотографка Grace Brown, во чии рамки таа веќе две години фотографира жртви на силување, како држат транспаренти во кои ги цитираат нивните напаѓачи. Целта, според самата авторка, е да се подигне свеста за жртвите на сексуални злосторства и да им се помогне да ја надминат траумата. Досега преку 2000 жртви на силување учествувале во проектот.
Извор: Buzzfeed