Видеосервисот за стриминг „Нетфликс“ ги откупи правата да ги прикажува филмовите на Хајао Мијазаки на своите сервиси, освен во Северна Америка и Јапонија.
Тоа значи дека корисниците на „Нетфликс“ ќе имаат можност да погледнат 21 филм од студиото Гибли – од Оскаровскиот „Spirited Away“ до „Grave of the Fireflies“.
„Ги послушавме нашите обожаватели и донесовме конечна одлука да го стримаме нашиот филмски каталог. Се надеваме дека сите ќе го откријат светот на студиото Гибли преку ова искуство“, потврди продуцентот Тошио Сузуки за „Холивуд репортер“.
Филмовите ќе бидат достапни на „Нетфликс“ од 1 февруари, 2020.
From February 2020, 21 films from the legendary animation house Studio Ghibli are coming exclusively to Netflix.
We’re proud to bring beloved, influential stories like Spirited Away, Howl’s Moving Castle and My Neighbour Totoro to first-time viewers and high-flying fans alike. pic.twitter.com/955uiYAzA1
— Netflix ANZ (@NetflixANZ) January 20, 2020