„Нетфликс“ воведе ново копче, со назнака „Пушти нешто“, со чија употреба алгоритамот автоматски ќе започне да прикажува серија или филм. Копчето е посветено на сите корисници на „Нетфликс“ кои не можат да се одлучат што да гледаат, пренесува „Independent“.
Копчето ќе ги поврзува корисниците со филмови и серии базирани на нивните претходни гледани серии и филмови.
Од компанијата велат дека копчето го тестирале со години, а се одлучиле да ја воведат верзијата на копчето направена во јануари 2021 година.
„Сега корисниците ќе можат да сигнализираат дека сакаат да го избегант пребарувањето и преку само еден „клик“, ние ќе избереме наслов за нив“, изјавил Грег Питерс, шеф на секторот за продукција.
Компчето најпрво ќе биде воведено на телевизиските верзии на апликацијата, а потоа ќе биде тестирана и за на „Андроид“ телефони.